logo
logo
logo

Трамп се заканува со поништување на владини договори на „лудиот“ Маск

Vecer | 05.06.2025

Трамп се заканува со поништување на владини договори на „лудиот“ Маск

Доналд Трамп рече дека го замолил „лудиот“ Илон Маск да ја напушти неговата администрација и се заканил дека ќе му ги одземе владините договори на технолошкиот тајкун, бидејќи растечкиот спор околу буџетскиот закон на американскиот претседател предизвика горчливо јавно разделување со неговиот најголем донатор.

„Елон „се истроши“, го замолив да си замине“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

„Најлесниот начин да заштедиме пари во нашиот буџет, милијарди и милијарди долари, е да ги прекинеме владините субвенции и договори за Илон“.

Акциите на „Тесла“ паднаа за повеќе од 15 проценти денеска со загуби од повеќе од 100 милијарди долари пазарна капитализација, бидејќи се продлабочи расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, извршниот директор на компанијата за електрични автомобили. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk