Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл наведе дека Израел претходно нападнал дел од големото гасно поле Јужен Парс во Иран, додавајќи дека САД не биле известени за тој конкретен напад и оти Катар немал никаква улога во него.
Според него, Иран потоа „неоправдано и неправедно“ нападнал дел од катарска постројка за ЛНГ, бидејќи не бил запознаен со околностите на нападот врз Јужен Парс.
Трамп наведе дека Израел повеќе нема да врши напади поврзани со тоа гасно поле, освен ако Иран повторно не одлучи да ги нападне катарските постројки. Тој предупреди дека, во случај на нов напад врз катарскиот ЛНГ, САД би можеле „масовно да го уништат“ целото гасно поле Јужен Парс, со или без помош на Израел.
„Не сакам да го одобрам ова ниво на насилство и разурнување поради долгорочните импликации што ќе ги има врз иднината на Иран, но ако катарскиот течен природен гас повторно биде нападнат, нема да се двоумам да го сторам тоа“, порача Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата