logo
logo
logo

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа

Vecer | 28.03.2026

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа

Говорејќи на инвестициски форум во Мајами, Флорида, Трамп изрази разочарување што европските сојузници одбиле да дадат материјална поддршка на САД во војната со Иран, која трае речиси еден месец.

Иако САД не се консултираа со сојузниците за нападите врз Иран минатиот месец, Трамп смета дека нивното сегашно одбивање за помош ја менува природата на односите. - Секогаш ќе бевме тука за нив, но сега, со оглед на нивните постапки, претпоставувам дека тоа веќе не е потребно, нели? Зошто да бидеме со нив, ако тие не се со нас? -  нагласи тој.

Американски медиуми коментираат дека овој коментар отвора нови прашања за подготвеноста на Трамп да се придржува до членот 5 од Северноатлантскиот договор, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk