logo
logo
logo

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Vecer | 17.06.2025

Трамп: Сакам вистински крај, а не прекин на огнот меѓу Израел и Иран

- Не се залагаме за прекин на огнот, туку за нешто подобро од прекин на огнот, изјави Трамп пред новинарите откако се врати во САД од самитот на Г7 во Канада.

Тој нагласи дека сака „крај, вистински крај, а не прекин на огнот“, додавајќи дека посакува Иран да направи „целосно откажување“ од своите позиции.

Трамп исто така објави на „Трут соушл“ дека не се обратил на Иран со каков било предлог за мировни разговори, додавајќи дека Техеран „требаше да ја прифати понудата што беше на маса“.

Во врска со потенцијални ирански напади врз американските интереси во регионот, тој најави жесток одговор. - Тогаш ракавиците се симнати… Мислам дека знаат дека не треба да ги допираат нашите трупи .Ќе реагираме жестоко доколку направат нешто против нашите луѓе, потенцираше Трамп.

Говорејќи пред новинарите во авионот Ер форс уан, Трамп најави дека можно е да ги испрати американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и специјалниот претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на средби со ирански претставници.

- Тоа зависи од развојот на настаните по моето враќање, додаде Трамп.

Дополнително, Трамп ја повтори својата позиција дека Иран „не смее да поседува нуклеарно оружје“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk