logo
logo
logo

Трамп сака преговори за контрола на нуклеарното оружје со Русија и Кина

Vecer | 14.02.2025

Трамп сака преговори за контрола на нуклеарното оружје со Русија и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ги обнови преговорите за контрола на нуклеарното вооружување со Русија и Кина и се надева дека трите земји на крајот би можеле да постигнат договор за намалување на нивните воени буџети за половина.

Трамп вчера во Белата куќа изјави дека не гледа потреба од создавање ново нуклеарно оружје, бидејќи САД веќе поседуваат голем арсенал, истакнувајќи дека сите три земји би можеле да заштедат огромни ресурси кои би можеле да се искористат за попродуктивни цели.

„Немаме причина да правиме ново нуклеарно оружје, веќе имаме толку многу. Можеме да го уништиме светот 50 пати, 100 пати. И сега правиме ново нуклеарно оружје, додека тие (Русија и Кина) исто така прават нивно“, рече Трамп. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk