logo
logo
logo

Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски

Vecer | 03.03.2025

Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски

На својот профил на социјалната мрежа Трут сошл, Трамп сподели вест во која Зеленски наведува дека завршувањето на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и ја нарече „најлошата изјава што Зеленски можел да ја даде“.

„Тоа е она што го кажав, овој човек не сака мир се додека ја има поддршката на Америка, а Европа јасно стави до знаење на средбата со Зеленски дека тие не можат да направат ништо без САД. Веројатно не толку добра изјава со цел да се покаже сила против Русија. Што мислеа тие?„, напиша Трамп.

Посетата на Зеленски на Белата куќа во петокот беше прекината откако тој влезе во жестока расправија со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на состанокот во Овалната соба. После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решавање на украинскиот конфликт и дека покажал непочитување кон САД./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk