logo
logo
logo

Трамп: САД ќе воведат значителни царини за Индија поради купување руска нафта

Vecer | 04.08.2025

Трамп: САД ќе воведат значителни царини за Индија поради купување руска нафта

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп напиша дека „Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку и продава голем дел од нафтата што ја купува на отворениот пазар за да оствари голем профит“.

Според американскиот претседател во Њу Делхи, „нив не им е грижа колку луѓе во Украина се убиени од руската воена машинерија“.

Затоа, значително ќе ги зголемам царините за Индија, рече Трамп, без да открие детали за конкретниот износ на планираните увозни царини за индиска стока.

Минатата недела, претседателот Трамп изјави дека ќе воведе царина од 25 проценти за стоки увезени од Индија. Во текот на викендот, два извора во индиската влада изјавија за британски медиуми дека Индија ќе продолжи да купува нафта од Русија и покрај заканите на Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk