logo
logo
logo

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции

Vecer | 14.01.2026

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции

Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат дека бројот на загинати за време на протестите во Иран надминал 2.000 лица.

- Ќе реагираме многу решително доколку направат такво нешто, изјави Трамп подоцна, одговарајќи на прашање на новинар на телевизијата Си-Би-Ес њуз, за време на посетата на фабрика за автомобили во Детроит, сојузната држава Мичиген, во врска со можни егзекуции на демонстранти во Исламската Република.

„Се враќам во Белата куќа и ќе ја разгледаме ситуацијата во Иран“, изјави Трамп на брифинг со медиумите откако неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“ во близина на Вашингтон. Тој изрази очекување дека ќе добие „прецизни податоци поврзани со убиствата на демонстрантите“, наведувајќи дека станува збор за „значителен број“ жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk