logo
logo
logo

Трамп: САД и Иран можат заеднички да ја обезбедуваат Ормуската Теснина

Vecer | 08.04.2026

Трамп: САД и Иран можат заеднички да ја обезбедуваат Ормуската Теснина

- Размислуваме да го направиме тоа како заеднички проект- изјави Трамп за Еј-Би-Си Њуз, додавајќи дека тоа е начин да се обезбеди преминот „и од други закани“, без да наведе дополнителни детали.

САД и Иран во текот на ноќта постигнаа двонеделен прекин на огнот, при што Техеран се согласи привремено да ја отвори Ормуската Теснина под одредени услови.

Иран и натаму ја задржува контролата врз поморскиот сообраќај низ овој клучен премин за глобалната трговија со нафта и гас.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека безбеден премин ќе биде можен во рок од две недели, во координација со вооружените сили и „со должно внимание на техничките ограничувања“.

Во меѓувреме, сервисот за следење бродови „МаринТрафик“ објави дека сообраќајот низ Ормуската Теснина повторно се зголемува. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk