logo
logo
logo

Трамп: Разочаран сум од Путин, не очекувам да запре војната во Украина

Vecer | 04.07.2025

Трамп: Разочаран сум од Путин, не очекувам да запре војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се чувствува разочарано од рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека нема основа да се надева оти ќе преземе чекори за прекин на конфликтот во Украина.

Претходниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин не донесе никаков напредок во процесот за завршување на војната во Украина.

Трамп имаше и телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Од овој разговор, украинскиот претседател ги истакна континуираните руски воздушни напади врз градовите и ја подвлече неопходноста од дополнително зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина. Двајцата претседатели се согласија дека приоритет е заштитата на украинското небо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk