„Само што разговарав со претседателот Си Џинпинг од Кина. Разговорот беше многу добар и за Кина и за Соединетите Држави“, објави Трамп на платформата Truth Social.
„Очекувам дека заедно ќе решиме многу проблеми и тоа веднаш. Разговаравме за балансирање на трговијата, фентанил, ТикТок и многу други теми. Претседателот Си и јас ќе направиме сѐ што е можно светот да го направиме помирно и побезбедно место“, објави Трамп. .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата