logo
logo
logo

Трамп добил понуда од Путин за медијација за конфликтот Израел – Иран

Vecer | 24.06.2025

Трамп добил понуда од Путин за медијација за конфликтот Израел – Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека добил телефонски повик од рускиот претседател Владимир Путин, кој му понудил помош во надминување на кризата меѓу Израел и Иран.

Како што е познато, Владимир ме контактираше и ме праша дали сакаме поддршка околу Иран. Му одговорив дека не ни е потребна помош за Иран, туку ни треба решение со Русија. Се надевам дека ќе дојде до договор меѓу нас. Во текот на последната недела загинаа околу шест илјади војници, рече Трамп во пресрет на НАТО самитот во Хаг.

Хаг е местото каде што се одржува самитот на НАТО, на кој американскиот претседател треба да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Трамп повтори дека неговата желба е да дојде до договор со Русија.

Москва уште од избувнувањето на војната во Украина ги интензивира односите со Техеран – Иран достави стотици илјади дронови, како и балистички ракети со краток дострел до руската војска.

Покрај тоа, Русија ја има изградено иранската нуклеарна централа Бушер на југот на земјата и и понатаму се грижи за нејзино одржување. Според изјавите на Путин, таму моментално работат околу 200 руски експерти, а тој се заблагодари на Израел што гарантира нивна безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk