Но, економистите предупредуваат дека царините ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го одложат намалувањето на каматните стапки.
Трамп на почетокот од неделата за 25 проценти ги зголеми царините за челик и алуминиум, во обид да им помогне на американската индустрија, при тоа ризикувајќи да предизвика трговска војна.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел вчера пред Сенатот изјави дека Централната банка не брза да ги намали краткорочните каматни стапки со оглед на состојбата на економијата, која е генерално силна. За денеска е предвидено Пауел да се обрати пред Претставничкиот дом.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата