logo
logo
logo

Трамп подготвува рации и депортирање мигранти од Чикаго, веднаш по инаугирацијата

Vecer | 18.01.2025

Трамп подготвува рации и депортирање мигранти од Чикаго, веднаш по инаугирацијата

Рацијата, која се очекува да започне во вторник, ќе трае цела недела, пишува американскиот весник, додавајќи дека американската служба за имиграција и царина ќе испрати меѓу 100 и 200 службеници за да ја спроведат операцијата, пренесе Ројтерс.

Највисокиот граничен функционер на претстојната администрација, Том Хоман, рече на настан во градот дека акцијата „ќе започне токму овде во Чикаго, Илиноис“, објави американскиот весник.

„И ако градоначалникот на Чикаго не сака да помогне, може да си замине. Но, ако нè попречува, ако свесно прикрива илегални имигранти, ќе го гониме“, рече Хоман, според овие извори.

Имиграцијата беше во центарот на кампањата на Трамп пред претседателските избори на 5 ноември.

„Од моментот на мојата инаугурација, ќе ја започнеме најголемата операција за домашна депортација во американската историја“, рече Трамп во јануари 2024 година.

Тимот на Трамп се уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk