"Операцијата заврши! Пациентот преживеа и се опоравува. Прогнозата е дека пациентот ќе биде далеку посилен, поголем, подобар и поотпорен од кога било досега. Да ја направиме Америка голема!!!" напиша тој.
Вчера најави воведување царини
Да потсетиме, Трамп вчера најави дека ќе воведе царини од 10 отсто за целиот увоз во САД, покрај повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата, што ја интензивира трговската војна што започна по неговото враќање во Белата куќа.
„Тоа е наша декларација за независност“, рече Трамп на настан во градината на Белата куќа. Тој покажа плакат со реципрочни царини, вклучувајќи ги и оние од 34 отсто за Кина и 20 отсто за Европската унија.
Трамп веќе воведе царини од 20 отсто за целиот увоз од Кина и 25 отсто за увоз на челик и алуминиум и ги прошири на производите направени од тие материјали во вредност од речиси 150 милијарди долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата