logo
logo
logo

Трамп одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти

Vecer | 18.06.2025

Трамп одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти

- Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам, истакна Трамп.

Тој изрази жалење поради тоа што Иран не се согласил на договор пред истекот на рокот од 60 дена. Трамп тврди дека Иран сега е заинтересиран да преговара, но според него „сега е многу доцна за разговор“ и повтори оти Техеран треба „безусловно да се предаде“.

- Потоа ние ќе ги дигнеме во воздух сите нуклеарни објекти (во Иран), посочи Трамп.

Тој, запрашан за синоќешниот телефонски разговор со Бенјамин Нетанјаху, наведе дека израелскиот премиер „е добар човек“ кој „добро си ја врши работата“ и оти му порачал „да продолжи“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk