Иранските и израелските медиуми подоцна соопштија дека започнал прекин на огнот, но има конфузија околу прецизните детали.
Утринава Израел соопшти дека идентификувал повеќе ракети лансирани од Иран при што една удрила во станбена зграда , при што загинале три лица.
Иранските државни медиуми објавија дека Израел започнал нови напади врз главниот град на Иран, Техеран, во текот на ноќта.
Според Си -Ен- Ен Катар помогна во постигнувањето на прекинот на огнот со посредување во разговорите со Иран. Израел се согласи на договорот за прекин на огнот под услов Иран да ги прекине нападите на нивната земја, Иран се согласи со тие услови изјави за Си-Ен-Ен висок функционер на Белата куќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата