Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од први август САД ќе воведат царина од 35 отсто на производи од Канада. Тој истакна и планови за дополнителни царински давачки, кои би изнесувале од 15 до 20 проценти за многу други трговски партнери.
Трамп во порака на неговата социјална мрежа информираше дека испратил официјално известување до канадскиот премиер Марк Карни, укажувајќи дека царините ќе стапуваат во сила од следниот месец и дека би можеле да се зголемат ако Канада воведе повратни мерки.
„Не секоја земја ќе добие писмо, но сите ќе бидат засегнати со новите царински мерки. Сѐ уште се одлучува дали процентот ќе биде 15 или 20“, изјави Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз.
Оваа одлука следи по неодамнешното зголемување на увозните царини кон неколку држави, вклучувајќи Јапонија, Јужна Кореја, како и 50-процентни давачки за увозот на бакар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата