logo
logo
logo

Трамп не попушта: Договор за мир меѓу Русија и Украина мора да се постигне до 8 август

Vecer | 31.07.2025

Трамп не попушта: Договор за мир меѓу Русија и Украина мора да се постигне до 8 август

„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да се обезбеди мир“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот за безбедност, објави Ројтерс.

Трамп изјави завчера дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија „за 10 дена“ доколку Москва не покаже напредок кон прекин на војната во Украина.

Киев и Москва одржаа три рунди разговори во Истанбул оваа година кои резултираа со размена на затвореници и телата на убиените, но без никаков напредок во смирувањето на речиси три и полгодишната војна.

„Имаме намера да ги продолжиме преговорите во Истанбул“, изјави заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, пред Советот за безбедност, но тој исто така истакна дека „и покрај состаноците во Истанбул, сè уште постои страна на Западот која се залага за војна“.

„Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои мислат дека дипломатијата е всушност начин да се критикува Русија и да се изврши притисок врз неа“, рече тој.

Заменик-амбасадорката на Украина во ОН, Кристина Хајовишин, изјави дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“:

„Ние бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и ништо помалку. Повторуваме, целосно, непосредно и безусловно прекинување на огнот е клучно. Ова е првиот чекор кон запирање на агресивната војна на Русија против Украина“, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk