Во вторник, тој нареди блокада на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и одат од Венецуела, зголемувајќи го притисокот врз претседателот на земјата, Николас Мадуро.
САД неодамна запленија и танкер за нафта во близина на Венецуела. Како дел од акциите на американските сили, 28 бродови веќе се погодени покрај брегот на оваа земја, а над 100 луѓе се убиени во нападите, потсетува NBC.
Американската администрација вели дека овие бродови ги користат шверцери на дрога и дека Венецуела го финансира тероризмот со приходите од нафта.
Во интервју за NBC News, американскиот претседател рече дека опцијата за војна со Венецуела е можна и додаде дека ќе следат нови заплени на танкери.
Трамп, сепак, одби да каже дали соборувањето на Мадуро од власт е неговата крајна цел.
„Тој точно знае што сакам. Тој го знае тоа подобро од кој било друг“, рече Трамп, зборувајќи за венецуелскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата