logo
logo
logo

Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот-Емануел никогаш не разбира

Vecer | 17.06.2025

Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот-Емануел никогаш не разбира

Американскиот претседател Доналд Трамп увери дека не го напуштил самитот на Г7 во Канада пред неговиот крај поради конфликтот меѓу Израел и Иран и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.

-Претседателот Емануел Макрон од Франција, за публицитет, лажно тврдеше дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон за да работам на „прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Ова не е вистина! Тој не знае зошто сега сум на пат кон Вашингтон, но (моето заминување) сигурно нема никаква врска со прекин на огнот. (Причината) е многу поважна. Свесно или не, Емануел никогаш не разбира“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk