logo
logo
logo

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април

Vecer | 15.02.2025

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април

Американскиот лидер не прецизираше дали сите автомобили ќе спаѓаат во опсегот на мерката или само оние од одредени земји.

Запрашан да коментира кога ќе стапи на сила, тој одговори: „Можеби некаде околу 2 април. Мислев да биде на 1-ви. Но, ќе го направиме тоа на 2 април“.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, Трамп презеде низа трговски мерки против голем број земји, без разлика дали се сојузници или противници на САД.

Тој воведе царини од 10 отсто за целиот увоз од Кина, покрај постојните, објави 25 отсто одложени царини за Мексико и Канада и го одреди 12 март како датум за стапување во сила на царините од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум. Исто така, во четвртокот му наложи на својот економски тим да развие реципрочни царини за секоја земја што ги оданочува американските стоки. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk