logo
logo
logo

Трамп најави царини за земји што не се согласуваат со неговите планови за Гренланд

Vecer | 17.01.2026

Трамп најави царини за земји што не се согласуваат со неговите планови за Гренланд

Изјавата доаѓа откако неколку европски членки на НАТО испратија воени тимови во Данска, како дел од извидувачка мисија на арктичкиот остров. Трамп не прецизираше кои земји би биле погодени, но повтори дека Гренланд е од клучно значење за националната безбедност на САД.

-Можеби ќе го направам тоа и за Гренланд. Можеби ќе воведам царини на земјитe,  ако не се согласат за Гренланд, бидејќи Гренланд ни е потребен за национална безбедност. Значи, можам да го направам тоа,-Доналд Трамп – претседател на САД .

Во рамки на операцијата „Арктичка издржливост“, околу 40 војници испратија Германија, Шведска, Норвешка, Франција и Холандија. Британската влада потврди дека на мисијата е распореден и еден британски воен офицер, што предизвика реакции кај дел од британската јавност.

-Иако за жал ја напуштивме ЕУ, мислам дека треба да играме водечка улога. Значи, испраќањето на едно лице е шега.

-Можеби ќе биде повоздржан ( Трамп), од обидот да го преземе со сила доколку има европски сили на терен, но не мислам дека еден војник ќе направи голема разлика за Американците.

Во меѓувреме, американска делегација составена од демократски и републикански сенатори оствари средби со лидерите на Данска и Гренланд, изразувајќи поддршка за нивниот отпор кон аспирациите на Трамп. По што испратија пораки дека Гренланд треба да се гледа како сојузник, а не како средство, истакнувајќи дека мнозинството Американци се против идејата за негово преземање.

-Важно е да се нагласи дека, кога ќе ги прашате американските граѓани дали мислат дека е добра идеја САД да го преземат Гренланд, огромното мнозинствоод 75%, ќе кажат дека не мислат дека е добра идеја. Овој сенатор од Алјаска не мисли дека тоа е добра идеја,-Лиза Мурковски - сенатор на САД од Алјаска.

За денеска се најавени и протести во Копенхаген и во главниот град на Гренланд, Нуук, каде според најавите илјадници граѓани ќе испратат порака за почитување на демократијата и човековите права.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk