logo
logo
logo

Трамп најави нови царини- дури 100% за сите филмови што се снимени надвор од САД

Vecer | 30.09.2025

Трамп најави нови царини- дури 100% за сите филмови што се снимени надвор од САД

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја издвои Калифорнија, некогаш центар на глобалната филмска продукција, и го обвини „слабиот и некомпетентен гувернер“ на државата за лошата состојба во државата.

„Филмската индустрија ни е одземена, исто толку лесно како земање бомбони од дете“, предупреди Трамп, најавувајќи 100% царини за сите странски продукции.

Одлуката е дел од пошироката политика на Трамп за економски протекционизам.

Критичарите предупредуваат дека таков потег би можел да предизвика трговски тензии со други земји, додека поддржувачите на Трамп тврдат дека мерката ќе го поттикне домашното филмско производство и ќе врати работни места во Холивуд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk