Бродовите ќе бидат значително поголеми од уништувачите и крстосувачите што моментално ги користи американската морнарица, но помали од бојните бродови од класата „Ајова“, кои беа во служба до 90-тите години.
Трамп на прес-конференција на неговиот приватен имот мар-а-лаго во американската сојузна држава флорида, во присуство на министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио изјави дека првично ќе се изградат два нови воени брода, а нивниот број подоцна „брзо“ ќе се зголеми на десет, а потоа на 20 до 25.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата