logo
logo
logo

Трамп: На американските бродови треба бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал

Vecer | 27.04.2025

Трамп: На американските бродови треба бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал

„На американските бродови, воени и комерцијални, треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал. Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут сошл.

Тој додаде дека побарал од американскиот државен секретар Марко Рубио „веднаш да се погрижи за оваа ситуација“.

Панамскиот канал е најкратката морска рута помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан. Ископан на Панамскиот мост помеѓу Северна и Јужна Америка, околу 40 проценти од американската трговија минува низ него.

Соединетите Американски Држави со децении имаат ексклузивна контрола врз Панамскиот канал, поради нивната водечка улога во неговата изградба. Сепак, по потпишувањето на договорот Торихос-Картер во 1977 година, Вашингтон ѝ го отстапи суверенитетот над каналот на Панама, што жителите на таа земја го нарекуваат историска „пресвртница“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk