logo
logo
logo

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен

Vecer | 14.01.2026

Трамп му се закани на премиерот на Гренланд, Нилсен

По неговата изјава, американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека Нилсен поради таквиот став ќе има „големи проблеми“.

- Па, тоа е негов проблем. Не се согласувам со него. Не знам кој е тој, не знам ништо за него, но ова ќе биде голем проблем за него, истакна Трамп одговарајќи на новинарско прашања за изјавите на Нилсен.

Гренланд е дел од Данска. Островот беше колонија до 1953 година, а од 2009 година има висок степен на автономија, со право самостојно да управува со внатрешните работи и да креира сопствена политика.

Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторува дека Гренланд треба да биде дел од САД, поради неговата стратешка важност за националната безбедност. Тензиите дополнително се зголемија по воената операција на САД во Венецуела на почетокот на јануари.

Лидерите на сите пет парламентарни партии на Гренланд издадоа заедничка изјава, со која се осудуваат притисокот од Вашингтон и јасно се спротивставуваат на приклучувањето кон САД.

Во исто време земјите-членки на Европска Унија разговараа за евентуален одговор доколку се реализираат американските закани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk