logo
logo
logo

Трамп му се закани на Чикаго: Сакам мирис на депортации наутро

Vecer | 07.09.2025

Трамп му се закани на Чикаго: Сакам мирис на депортации наутро

Американскиот претседател Доналд Трамп ги засили своите закани со испраќање на Националната гарда во Чикаго, град познат како упориште на Демократската партија, и алудираше на употребата на Министерството за одбрана, кое неодамна го нарече „Кригсминистериум“ (Кригсминистериум значи „Министерство за војна“).

На својата мрежа Truth Social, Трамп објави:

- Чикаго наскоро ќе открие зошто се нарекува Кригсминистериум.

Пораката беше придружена со слика од Трамп во воена униформа, со хеликоптери над Чикаго и цитат:

- Го обожавам мирисот на депортации наутро - очигледна референца на филмот „Апокалипса сега“ од 1979 година.

Гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, демократ, ја осуди заканата на Трамп:

- Претседателот на Соединетите Американски Држави се заканува со војна на американски град. Ова не е шега. Ова не е нормално. Илиноис нема да биде заплашен од самопрогласен диктатор - објави Прицкер на X (порано Твитер).

Со денови, Трамп му се заканува на Чикаго со Националната гарда, кого го нарече „најопасниот град во светот“, тврдејќи дека ќе се справи со криминалот. Слични закани упати и кон градовите Њујорк, Балтимор и Њу Орлеанс - сите контролирани од демократите, пренесе ое24.ау.

Во август, Трамп веќе ја испрати Националната гарда во Вашингтон, ставајќи ја локалната полиција под федерална контрола, наведувајќи го „криминалот надвор од контрола“ како причина, иако статистиката покажува пад на насилниот криминал помеѓу 2023 и 2024 година. Илјадници луѓе демонстрираа против присуството на Националната гарда во Вашингтон.

Во јуни, тој ја мобилизираше и Националната гарда и маринците во Лос Анџелес за да ги запре протестите против неговата имиграциска политика. Критичарите велат дека Трамп го преувеличува криминалот за да го оправда својот авторитарен стил на владеење.

Минатата недела, Трамп потпиша извршна наредба со која му дава на Министерството за одбрана алтернативно име, „Министерство за војна“, име за кое тој вели дека е „помалку дефанзивно и повеќе будно“. Официјално, името го одредува Конгресот, а не претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk