- Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп.
На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“.
Поради децениското ембарго на САД кон Куба и заострените мерки изминатиот период земјата се соочува со недостиг на гориво и прекини во електроснабдувањето.
Трамп, по американската во Венецуела најави дека Хавана нема повеќе да добива нафта од Венецуела и им се закани на другите држави, пред сè, на Мексико, со зголемување на царините ако извезуваат нафта за Куба.
Трамп недостигот на гориво го оцени како „хуманитарна закана“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата