logo
logo
logo

Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искорениме

Vecer | 20.10.2025

Трамп: Хамас ќе се однесува пристојно или ние ќе ги искорениме

„Тие ќе бидат пристојни, а ако не бидат, ние ќе одиме и ќе ги искорениме“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа, по потпишувањето на договор за ретки минерали со австралискиот премиер Ентони Албанезе, пренесе Гардијан.

Трамп рече дека „Хамас беше многу насилен“, но дека „веќе ја немаат поддршката од Иран“.

„Тие веќе немаат ничија поддршка. Мора да бидат добри, а ако не се добри, ќе бидат искоренети“, заклучи Трамп.

Во Газа е на сила примирје меѓу Хамас и Израел, кое беше постигнато врз основа на мировниот план на Трамп за Газа и ослободувањето на заложниците, кое беше поддржано од лидерите на триесет земји на самитот во Египет.

Според израелската армија, прекинот на огнот во неделата го прекршиле припадници на Хамас, кои излегле од тунел и отвориле оган врз израелските војници во близина на Рафа, на југот од Појасот Газа, по што израелската армија извршила неколку целни напади врз цели во Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk