Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, повторно ја разгоре својата стара расправија со градоначалникот на Лондон, Садик Кан. Во понеделникот, седнат покрај британскиот премиер Кеир Стармер, Трамп јавно и остро проговори за Кан, критикувајќи ја неговата работа како лидер на британската престолнина.
Настанот се одигра на неговиот голф-ресорт Трамп Турнберри во Шкотска, за време на заедничко појавување со Стармер. На новинарско прашање дали планира посета на Лондон за време на својата септемвриска државна посета, Трамп директно одговори:
Ќе одам. Не сум обожавател на вашиот градоначалник. Мислам дека лошо си ја врши работата. Градоначалникот на Лондон... непријатен е тој човек.
Изјавата предизвика непријатна ситуација, при што Стармер се обиде да ја смири атмосферата со зборовите: “Тој ми е пријател, всушност.”
Трамп остана на својот став, подвлекувајќи: “Мислам дека навистина лошо раководи. Но, дефинитивно би ја посетил Англија.”
Овој непланиран дијалог е уште еден во низата вербални пресметки меѓу Трамп и Кан, кои со години си разменуваат критики – од политички до лични и идеолошки. Обидот на премиерот Стармер да го одбрани својот партиски колега не успеа да го омекне впечатокот од остриот став на Трамп.
Портпарол на Кан одговори со иронија: “Садик е воодушевен што претседателот Трамп сака да ја посети најдобрата метропола во светот. Ќе има можност да види дека разновидноста нè прави посилни, не послаби; побогати, не посиромашни.”
Непријателството меѓу Трамп и Кан трае најмалку од 2016 година, кога тогашниот кандидат за претседател Трамп го повика Кан на натпревар со IQ откако градоначалникот ги нарече неговите изјави за исламот „неукост“. Од тогаш па наваму, Трамп неколкукратно го нарече Кан „губитник“, „многу глупав“ и „ужасен градоначалник“.
Напнатоста се засили за време на државната посета на Трамп во Велика Британија во 2019, кога Кан дозволи над Лондон да се пушти познатиот балон со ликот на „Бебето Трамп“, како сатирична форма на протест.
Кан, пак, повеќе пати го обвини Трамп дека го напаѓа поради неговото етничко и религиско потекло. Тој изјави во интервјуа: “Да не бев муслиман и од малцинска заедница, не верувам дека Трамп толку жестоко ќе ме критикуваше.”
Само еден ден пред последното уште едно потсмејување со градоначалникот на Лондон, Трамп излезе од затворена средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пофалувајќи се со, како што го нарече, „најголемиот договор досега“.
Во рок од само 75 минути, Трамп и фон дер Лајен постигнаа рамкопен договор вреден 1,35 трилиони долари. Тој опфаќа 750 милијарди за европски купувања на американски енергетски производи, 600 милијарди евра нови европски инвестиции во САД и голем договор за набавка на американска воена опрема.
Мислам дека ова е најголемиот договор направен некогаш. Ќе нè зближи уште повеќе. Оваа соработка ќе не донесе уште поблиску едни со други.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата