logo
logo
logo

Трамп ја повлече федералната заштита за поранешниот здравствен функционер Ентони Фаучи

Vecer | 24.01.2025

Трамп ја повлече федералната заштита за поранешниот здравствен функционер Ентони Фаучи

Заштитата финансирана од даночните обврзници за доктор Ентони Фаучи е повлечена, потврди Трамп на прес-конференција, објави „Њујорк пост“.

- Мислам дека кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш, рече Трамп како одговор на новинарско прашање на брифингот за одговорот на владата на ураганот во Ешвил, Северна Каролина, во октомври 2024 година, кога загинаа повеќе од 50 луѓе.

Според него, заштитата е укината и за некои други лица.

Како што објави „Њујорк пост“, тој очигледно мислел на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и поранешниот државен секретар Мајк Помпео.

- Тие можат да ангажираат сопствено обезбедување. Може да им дадат добар број многу добри луѓе за обезбедување. Фаучи заработи многу пари. Сите заработија, рече Трамп.

Претходно овој месец, Би-Би-Си јави дека Џозеф Бајден, тогашниот американски претседател во заминување, однапрд го помилувал Ентони Фаучи, поранешниот главен медицински советник за време на пандемијата на Ковид-19, како и членовите на комисијата што ги истражува немирите во Капитол на 6 јануари.

Трамп, кој положи заклетва во понеделникот, редовно се судираше со Фаучи за време на пандемијата и навести дека ќе преземе мерки против оние кои го сметаа за одговорен за немирите во Капитол на 6 јануари. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk