logo
logo
logo

Трамп испраќа уште еден носач на авиони кон Иран- САД се подготвени за напад, доколку пропаднат преговорите

Vecer | 10.02.2026

Трамп испраќа уште еден носач на авиони кон Иран- САД се подготвени за напад, доколку пропаднат преговорите

Тој презема чекор за да биде подготвен да го нападне Иран доколку разговорите со Исламската Република не успеат.

Соединетите Американски Држави и Иран ги продолжија разговорите во Оман минатиот петок, први по 12-дневната војна во јуни, но Трамп, исто така, започна масовно воено засилување во Персискиот Залив. „Или ќе склучиме договор или ќе мора да направиме нешто многу тешко, како минатиот пат“, изјави Трамп за „Аксиос“.

Трамп рече дека очекува втора рунда американско-ирански разговори да се одржи следната недела.

„Имаме армада што оди таму, а можеби и уште една“, рече Трамп, додавајќи дека „размислува“ за испраќање на уште една ударна група на носачи на авиони.

Американски функционер потврди дека имало дискусии за испраќање на втора ударна група на носачи на авиони во регионот.

Тоа би било покрај веќе постоечката ударна група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, која вклучува борбени авиони, крстосувачки ракети „Томахавк“ и неколку бродови.

Трамп претходно изрази оптимизам за дипломатскиот пат, тврдејќи дека Иран „многу сака да постигне договор“ и преговара многу посериозно отколку порано, токму поради воената закана.

„Минатиот пат не веруваа дека всушност ќе го направам тоа“, рече Трамп, осврнувајќи се на неговата одлука да ги нападне иранските нуклеарни постројки во јуни. „Претеруваа“.

Овој пат разговорите се „тотално различни“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk