logo
logo
logo

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение

Vecer | 27.01.2026

Трамп: Иран е заинтересиран за дипломатско решение

- Ситуацијата со Иран е променлива, бидејќи САД испратија голема флота во регионот. Имаме голема армада покрај Иран. Поголема од Венецуела. Тие сакаат да постигнат договор. Знам дека е така. Тие се јавија повеќе пати. Тие сакаат да разговараат, наведе Трамп.

Централната команда на американската војска (CENTCOM) вчера соопшти дека флота воени бродови, вклучувајќи го и „УСС Абрахам Линколн“, пристигнала во нејзината зона на одговорност, која го опфаќа Блиски Исток и го вклучува Иран. Носачот на авиони е во Индиски Океан.

Борбената група на носачи на авиони моментално е распоредена на Блиски Исток за да се промовира регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Аксиос повикувајќи се на неименувани извори наведе дека Трамп не донел конечна одлука за потенцијална воена ескалација во регионот.

За време на протестите во Иран, Трамп ги поддржа демонстрантите и им се закани на властите дека ако продолжат со репресијата САД воено ќе интервенираат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk