„Иран одамна е познат како мајстор на медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено се неефикасни и слаби, но се навистина добри во ‘хранење’ со лажни информации на медиумите што живеат од лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје на дезинформации што Иран го користи прилично успешно, имајќи предвид дека секојдневното се уништуваат“, вели Трамп во постот објавен на социјалната мрежа „Truth Social’.
Американскиот претседател го обвини Техеран дека прикажал лажни „камиказе чамци“ како отвораат оган кон разни бродови на море, што навидумм како што вели, „изгледа прекрасно, моќно и жестоко“, притоа посочувајќи дека тие чамци воопшто не постојат и оти сето тоа се лажни информации за да се прикаже колку е „силна“ веќе поразената иранска војска.
„Петте американски авиони-танкери што наводно биле соборени и тешко оштетени, според лажните извештаи на ‘The Wall Street Journal’ и други, сите се во употреба, со исклучок на еден кој наскоро повторно ќе лета. Објектите и бродовите прикажани како горат - се тоа се лажни вести, генерирани од вештачка интелигенција“, рече Трамп.
Според неговите зборови, Иран го прикажал американскиот носач на авиони „Абрахан Линколн“како неконтролирано гори во океанот.
„Не само што не гореше, туку кон него воопшто не беше ни пукано. Тое е свесно лажирана проказна, а медиумите што ја генерирале треба да бидат обвинети за предавство поради ширење лажни информации“, наведе тој.
Трамп заклучи дека Иран е десеткуван и оти единствените битки што ги добива се оние што ги создава преку вештачка интелигенција, а кои ги дистрибуираат корумпирани медиуми.
Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека НАТО може да има „многу лоша“ иднина доколку сојузниците не помогнат да се осигури безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормускиот теснец, кој е од витално значење за глобалниот транспорт на нафта, јави доцна синоќа Фајненшл Тајмс.
- Сосема е соодветно луѓето кои се корисници на теснецот да помогнат да се осигури дека таму нема да се случи ништо лошо – го цитираше ФТ Трамп во осумминутниот телефонски разговор.
- Ако нема одговор или ако одговорот е негативен, мислам дека тоа ќе биде многу лошо за иднината на НАТО – изјави Трамп за ФТ, нагласувајќи дека, за разлика од Соединетите Американски Држави, Европа и Кина се силно зависни од нафтата од Заливот.
Само еден ден претходно, Трамп повика „многу земји“ да обезбедат воена поддршка за да помогнат во обезбедувањето сигурен премин за комерцијалните бродови низ теснецот.
Сообраќајот низ тесниот воден пат речиси колабираше поради безбедносни грижи по американско-израелските напади врз Иран и одговорот на Техеран. Околу една петтина од глобалните пратки на нафта вообичаено поминуваат низ теснецот секој ден.
- Ги удираме многу силно – рече Трамп за ФТ во врска со Иран, пренесе ДПА.
- Не им преостана ништо друго освен да прават мали проблеми во теснецот, но овие луѓе (сојузниците) се корисници и треба да ни помогнат во полициското обезбедување. Ние ќе им помогнеме. Но, и тие треба да бидат таму. Потребни се многу луѓе за да пазат на неколкумина – додаде американскиот претседател.
Трамп исто така навести дека САД „може да го одложат“ очекуваното патување во Кина на самит со кинескиот лидер Шји Џјинпинг, за кој медиумските извештаи укажуваа дека би можел да се одржи кон крајот на март.
- Мислам дека и Кина треба да помогне бидејќи Кина добива 90 отсто од својата нафта од теснецот – рече Трамп. „Би сакале да знаеме тоа пред тоа. Тоа (две недели) е долго време“, го цитираше ФТ американскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата