logo
logo
logo

Трамп инспириран од Париз- планира изградба на најголемата триумфална капија во Вашингтон

Vecer | 01.02.2026

Трамп инспириран од Париз- планира изградба на најголемата триумфална капија во Вашингтон

Во разговор со новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, Трамп истакна дека планираната градба ќе наликува на Триумфалната капија (Arc de Triomphe), но потенцираше дека сака верзијата во Вашингтон да биде најголема во светот.

- Ние сме најголемата, најмоќната нација. Би сакал оваа да биде најголемата од сите нив, изјави Трамп, најавувајќи формирање на комисија која ќе го надгледува проектот.

Овој проект е последен во низата архитектонски потфати со кои Трамп сака да остави свој белег во главниот град. Во моментов, во тек е изградба на раскошна сала за балови во комплексот на Белата куќа, за чии потреби беше урнато старото Источно крило, што предизвика бројни критики.

Според извештајот на „Вашингтон пост“, еден од плановите предвидува капијата да достигне висина од 76 метри, што е значително повеќе од париската која е висока 50 метри. Архитектонските експерти ја критикуваат предложената висина, тврдејќи дека нема да се вклопи со околните објекти, иако некои историчари ја поддржуваат идејата за ваков споменик во американската престолнина.

Трамп не наведе временска рамка за реализација, но минатата недела на својата платформа „Трут Соушл“ објави три дизајни, од кои едниот содржи препознатливи златни елементи, карактеристични за неговиот стил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk