logo
logo
logo

Трамп: Имав многу добар разговор со Си Џинпинг

Vecer | 24.11.2025

Трамп: Имав многу добар разговор со Си Џинпинг

Пекинг прв го објави разговорот. Кинескиот претседател беше цитиран од државната агенција Ксинхуа дека двете земји треба да го одржат „моментумот во нивните односи“ од неговата средба со својот американски колега минатиот месец во Јужна Кореја и нагласи дека „обединувањето на Тајван со Кина е важен дел од повоениот меѓународен поредок“.

Трамп, пак, рече дека разговарал со Си за војната во Украина, трговијата со фентанил и потпишувањето договор за земјоделците.

„Склучивме добар и многу важен договор за нашите големи земјоделци - и тој само ќе се подобрува. Нашиот однос со Кина е исклучително силен!“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп, исто така, цитиран од американските медиуми, рече дека ја прифатил поканата на Си да ја посети Кина во април и дека неговиот кинески колега ќе биде во државна посета на САД подоцна следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk