logo
logo
logo

Трамп им се обрати на Американците напаѓајќи ја претходната власт

Vecer | 18.12.2025

Трамп им се обрати на Американците напаѓајќи ја претходната власт

По набројувањето на сите достигнувања на неговата администрација и лично негови, тој почна со обвинувања на сметка на претходната влада предводена од Џо Бајден.

- Во јануари го наследив нередот на Бајден, кој константно се обидувам да го поправам, изјави Трамп, кој ги уверуваше Американците дека состојбата во земјата е добра.

- Ги уверувам сите Американци дека ефектите од нашето големо законодавно достигнување, а тоа е намалувањето на даноците, ќе почнат да се чувствуваат следната година, рече Трамп, кој моментално е поддржан од нешто повеќе од 40 отсто од Американците, додека речиси 55 отсто директно му се противат.

Пред крајот на излагањето, Трамп со пофални зборови зборуваше за големиот спортски настан следната година во земјата - Светското првенство во фудбал, како и за големата прослава во чест на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk