„Среќна Нова Година на сите. Ќе биде одлично време за Америка!“, се вели во честитката објавена на социјалната мрежа на Трамп „Truth Social“, заедно со фотографија со неговата сопруга Меланија Трамп.
Трамп ја дочека Новата година со членовите на семејството, новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс, американскиот бизнисмен Илон Маск и други достоинственици кои присуствуваа на гала забава на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата