logo
logo
logo

Трамп и Си Џинпинг разговарале телефонски- Можен ли е договор меѓу двете суперсили ?

Vecer | 05.06.2025

Трамп и Си Џинпинг разговарале телефонски- Можен ли е договор меѓу двете суперсили ?

Телефонскиот повик е направен на барање на Доналд Трамп, соопшти агенцијата. Еј-Би-Си претходно денес, повикувајќи се на извори, објави дека двајцата лидери ќе одржат телефонски разговор.

Со месеци, Трамп сугерираше дека неговиот личен однос со кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да биде клучот за решавање на најзначајниот трговски спор во светот, објави американската телевизиска мрежа.

Иако Трамп сака да ги примени своите тактики за склучување договори директно врз Си, неговиот модел на пазарење меѓу лидерите е целосно во спротивност со начинот на кој кинеските претставници пристапуваат кон глобалните преговори.

Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг е „тежок преговарач“ и дека е „исклучително тешко да се склучи договор со него“.

Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се зголемуваат царините за увоз на челик и алуминиум од 25 проценти на 50 проценти, со што стапува на сила на полноќ по локално време.

Кина е најголемиот производител и извозник на челик во светот и испорачува мали количини во Соединетите Држави откако беа воведени царини од 25 проценти во 2018 година. Кина е исто така трет по големина снабдувач на алуминиум во Соединетите Држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk