logo
logo
logo

Трамп ѝ се закани на Венецуела со „непроценлива“ цена ако не ги прими назад затворениците и ментално болните

Vecer | 20.09.2025

Трамп ѝ се закани на Венецуела со „непроценлива“ цена ако не ги прими назад затворениците и ментално болните

- Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриски институции, меѓу кои и од најлошите лудници во светот, што венецуелското „раководство“ ги натерало да влезат во Соединетите Американски Држави. Илјадници луѓе биле тешко повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“. ИЗВЕДЕТЕ ГИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА, ВЕДНАШ, ИЛИ ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌАТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРОЦЕЛИВА!, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Оваа порака на Трамп се очекува доплнително да ги ескалира тензиите меѓу двете земји. По наредба на претседателот на САД, неклку воени бродови се распоредени во Карипското Море со образложение дека ја спречуваат трговијата со дрога.

Но, претседателот на Венецела Николас Мадуро смета дека целта е дестабилизација на неговиот режим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk