На прашањето на новинарот во Овалната соба дали ќе може да се стави пауза за тарифите за да се овозможат преговори, Трамп одговори: „Ние не го разгледуваме тоа. Имаме многу земји кои доаѓаат да преговараат за договори со нас и тие ќе бидат фер договори и во одредени случаи ќе плаќаат значителни тарифи“.Коментарите на Трамп следуваат по денот на големи промени на американската берза, откако американскиот претседател се закани со дополнително зголемување на тарифите, и покрај јасната желба од Волстрит тој да заземе спротивен пристап.Трамп го отфрли предлогот на еу за укинување на меѓусебните царини за индустриски стоки. На прашањето дали соодветниот предлог од претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен е доволен за него, Трамп вчера на новинарите им рече дека не е .“
Наместо тоа, американскиот претседател предложи земјите од ЕУ да увезуваат значително повеќе енергија од САД. Европските земји ќе мора да купат количество на енергија еднакво на тековниот трговски дефицит на САД со ЕУ. Овој дефицит „брзо ќе исчезне“ како резултат на соодветниот увоз на енергија, додаде Трамп.Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен вчера соопшти дека му понудила на американскиот претседател „нула за нула царини за индустриски стоки“ и додаде дека ЕУ „секогаш е подготвена за добар договор“.ЕУ се надева дека со преговори ќе се најде решение но сепакКомисијата и земјите-членки подготвуваат и серија контрамерки за да одговорат на американските царини.
Контрацарините треба постепено да стапуваат на сила од средината на април.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата