logo
logo
logo

Трамп го исполни ветувањето: Полетаа првите воени авиони полни со илегални мигранти

Vecer | 24.01.2025

Трамп го исполни ветувањето: Полетаа првите воени авиони полни со илегални мигранти

„Претседателот Трамп испраќа силна и јасна порака до целиот свет: ако нелегално влезете во САД, ќе се соочите со тешки последици“, рече Ливит.

Засега не се знае точно кој се качува во авионите, ниту каде се наоѓаат овие авиони,објави Фокс Њуз.

Да потсетиме, САД уапсија повеќе од 500 илегални имигранти и депортираа стотици во масовна операција, објави претходно Белата куќа, само неколку дена откако Доналд Трамп го започна својот претседателски мандат.

Соопштението дојде додека новиот американски претседател денеска заминува на своето прво патување во Северна Каролина на југоисток, а потоа во демократското упориште Калифорнија на запад, две држави погодени од природни катастрофи за кои републиканскиот лидер жестоко дебатира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk