„Мет е силен воин и лојален патриот кој ќе обезбеди унапредување и одбрана на интересите на Соединетите држави“, се вели во соопштението на Трамп.
Тој додаде дека неговиот избор ќе ги зајакне односите на САД со сојузниците во НАТО и дека ќе биде цврст против заканите за мирот и стабилноста. „Тој ќе ја стави Америка на прво место“, рече Трамп.
Витакер служел како вршител на должноста обвинител на САД од ноември 2018 до февруари 2019 година. Тој бил началник на кабинетот на државниот обвинител Џеф Сешнс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата