Трамп вети дека извршната наредба ќе дојде следната недела, додавајќи: „Враќање на пластиката!“
Во објава на социјалните мрежи Трамп рече дека хартиените сламки кои се популарна алтернатива, „не функционираат“.
Откако ја презеде функцијата Трамп потпиша неколку извршни наредби со климатски и еколошки влијанија. Повторно се повлече од историскиот договор за климата во Париз, а ја отповика и наредбата потпишана од Бајден пред неколку години, со цел електричните возила да сочинуваат 50% од новите автомобили кои се продаваат до 2030 и ги повлече сите непотрошени владини пари за станици за полнење на електрични возила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата