logo
logo
logo

Трамп ги нарече демонстрантите „странски непријател“ и вети дека ќе го „ослободи“ Лос Анџелес

Vecer | 11.06.2025

Трамп ги нарече демонстрантите „странски непријател“ и вети дека ќе го „ослободи“ Лос Анџелес

Тој го оправда распоредувањето на воени сили против демонстрантите кои протестираат против акциите на имиграциските служби насочени кон нелегалните имигранти. - Ќе го ослободиме Лос Анџелес и повторно ќе го направиме слободен, чист и безбеден, изјави Трамп.

Во досега најагресивниот настап во врска со протестите, Трамп го искористи говорот што требаше да биде посветен на 250-годишнината од основањето на американската армија, за да ги нападне демонстрантите, повторно тврдејќи дека претседателските избори во 2020 година биле наместени и упатувајќи критики кон својот претходник, поранешниот претседател Џо Бајден.

Републиканецот Трамп, кој армијата ја гледа како клучен инструмент за исполнување на внатрешни цели, ги искористи неодамнешните протести во Лос Анџелес како повод за ангажирање на Националната гарда и маринците, и покрај противењето на гувернерот демократ на Калифорнија. Немирите започнаа како протест против имиграциските акции, а викендов демонстрантите блокираа главна автопатска сообраќајница и запалија возила во центарот на градот со околу 4 милиони жители.

- Нема да дозволиме американски град да биде нападнат и преземен од странски непријател. Тие токму тоа се, изјави Трамп.

Тој најави дека размислува и за активирање на Актот за востание – едно од најекстремните вонредни овластувања на претседателот – кој дозволува ангажирање на војската на територија на САД за сузбивање немири и внатрешно насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk