logo
logo
logo

Трамп: Би можел 2028. да се кандидирам за потпретседател, ама не сакам

Vecer | 27.10.2025

Трамп: Би можел 2028. да се кандидирам за потпретседател, ама не сакам

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат.

- Би смеел да го направам тоа, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион Air Force One, но додаде: „Не би го направил тоа. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Суетно е. Не, не би било исправно“.

Никој не може да биде избран за американски претседател по трет пат, според 22-от амандман на американскиот Устав. Некои предложија дека ова би можело да се заобиколи доколку Трамп се кандидира за потпретседател со друг претседателски кандидат кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател. Критичарите ја оспоруваат законитоста на таков маневар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk