logo
logo
logo

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји

Vecer | 12.03.2026

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија истраги против клучните економски партнери за да пронајде нов правен основ за воведувањето на казнените царини, откако Врховниот суд на САД претходно го прогласи повикувањето на економска вонредна состојба од страна на Трамп за нелегално.

Покрај Европската Унија, истрагата ќе ги вклучи Швајцарија, Норвешка, Кина, Јапонија, Мексико, Тајван, Индија и други земји во Азија, но не и Канада, објавија агенциите.

Американскиот комесар за трговија, Џејмисон Грир, изјави дека истрагата се однесува на дел од Законот за трговија на САД од 1974 година и дека постои сомневање дека многу земји изградиле прекумерен производствен капацитет кој не е базиран на домашна или глобална побарувачка и тоа е на штета на САД.

Според САД, ова може да ја наруши фер конкуренцијата на пазарот. САД веќе го користеле законот од 1974 година во минатото, на пример, при воведување специјални царини врз Кина.

Дополнително, ќе се истражи и сомнителната експлоатација на детскиот и робовски труд, а таа истрага ќе опфати повеќе од 60 земји.

Во официјалните документи, САД им префрлаат на многу земји што имаат такви структурни вишок капацитети, првенствено во производството на алуминиум, батерии, електроника, машини, полупроводници, садови, соларни ќелии и челик, како секторите кои, според официјални лица во Вашингтон, најмногу трпат американските производствени капацитети.

Како дел од истрагата, од мај ќе се одржат јавни расправи, а ќе бидат консултирани владите на засегнатите земји.

Истрагите се сметаат за прв чекор на Трамп во неговиот обид повторно да воведе високи царини за голем број земји.

Американскиот Врховен суд на 20 февруари ја поништи одлуката со која Трамп воведе високи царини за многу земји во светот на почетокот на 2025 година, со образложение дека со повикување на законот за национална вонредна состојба, ги пречекорил претседателските овластувања.

Истиот ден, Трамп објави дека воведува дополнителни царини од 10 проценти за увоз од целиот свет, а само еден ден подоцна ги зголеми на 15 проценти, со извршна наредба што го заобиколи Конгресот. Меѓутоа, тој засега не ги зголемил царините на 15 проценти.

По одлуката на Врховниот суд, американскиот претседател ја базираше својата нова одлука на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дозволува да воведува царини за увезена стока под одредени околности до 150 дена без одлука од Конгресот.

Овие 150 дена истекуваат на 24 јули, а нему му е потребна согласност од Конгресот за да ги задржи повисоките царини подолго.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk