logo
logo
logo

Трамп бара истрага за врските на Епштајн со бројни познати личности

Vecer | 14.11.2025

Трамп бара истрага за врските на Епштајн со бројни познати личности

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе побара од државниот обвинител Памела Бонди да ги истражи врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи ги и некои од неговите наводни политички противници.

„Ќе побарам од државниот обвинител Пам Бонди и Министерството за правда, заедно со нашите големи патриоти во ФБИ, да ја истражат вмешаноста и врската на Џефри Епштајн со Бил Клинтон, Лари Самерс, Рид Хофман, ЏП Морган Чејс и многу други луѓе и институции, за да утврдат што се случило со нив и со него“, напиша Трамп на својата мрежа TruthSocial.

Трамп ги обвини демократите дека се обидуваат да го одвлечат вниманието од сопствените политички неуспеси користејќи го случајот Епштајн како средство за напад врз републиканците.

Тој рече дека ова е „уште една измама“ како онаа со руско влијание на претходните избори, „каде сите стрели покажуваат кон демократите“. „Записите покажуваат дека овие луѓе, и многу други, поминале голем дел од својот живот со Епштајн и на неговиот „Остров““, рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk