logo
logo
logo

Трамп: Апсете го предавникот Обама

Vecer | 13.05.2026

Трамп: Апсете го предавникот Обама

Завчера, американскиот претседател ги нападна своите противници во повеќе од 50 објави, а неговиот претходник во Белата куќа исто така беше цел, пишува „Unilad“.

Во една од објавите што ги сподели Трамп, 44-тиот американски претседател беше наречен „најголемата демонска сила во американската политика во последниве децении“.

„Апсете ги сите. Отстранете ги сите. Веднаш затворете ги за предавство, велепредавство и заговор за соборување на Владата на Соединетите Американски Држави. Но, почнете со Барак Обама“, објави Трамп.

Претседателот, исто така, сподели тврдење од профил на „MAGA“ во кое се наведува дека Обама измислил докази за руско мешање во претседателските избори во 2016 година, на кои Трамп ја победи Хилари Клинтон.

„Апсете го предавникот Обама“, пишуваше во профилот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk